Ковид19 Свет

Грција нови строги рестриктивни мерки стравувајќи од трет бран на заболени

Од задутре, четврток до 28 февруари ќе има зголемени рестриктивни мерки во Атика. Ова значи дека се затвора секаков вид малопродажба, а сите нивоа на образование ќе работат на далечина, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео пораката што вечерва ја упати до граѓаните, по одржувањето на вонредниот состанок кој тој го свика поради епидемиолошката состојба во земјата. Претходно министерот за здравство рече дека на вонредниот состанок ќе препорача ново целосно затврање.

Областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради влошената епидемиолошка слика, веројатно се наоѓа на чекор до дополнителни рестриктивни мерки и уште построг карантин.

Кикиљас рече дека загрижуваат анализите што ги добива од надлежната комисија и од епидемиолозите и „покажуваат дека и во Грција доаѓа третиот бран“. Паралелно презентираше податоци за областа Атика, поширокиот регион на Атина што има околу четири милиони жители, објаснувајќи дека исполнет е 71 отсто од капацитетот на Одделите за интензивна нега, наспроти 62 проценти мината седмица.

Сликата што ја има и што ја имаат епидемиолозите, врз основа на овие податоци води до заклучокот дека, доколку и денеска податоците од Националната организација за јавно здравје се вакви, мојата препорака до Комисијата ќе биде куса, построга, хоризонтална мерка. Односно локдаун, веројатно како што беше минатиот март, што ќе може да донесе брзи резултати и брзо да ја деескалира и да ја „прибере“ ситуацијата, рече Кикиљас, објаснувајќи дека сепак Комисијата на епидемиолози е таа која дава препораки до Владата.

Мицотакис денеска свика вонреден состанок со надлежните министри, на кој присуствуваа и шефот на комисија на епидемиолози и претседателот на Националната организација за јавно здравје и како што рече министерот за здравство биле разгледани, епидемиолошките податоци и состојби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Во Катар почнуваат преговори меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе