Свет Топ вести

Во американскиот Сенат денеска почнува судењето за импичмент на Доналд Трамп

Во американскиот Сенат денеска почнува судскиот процес за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, постапка што ја  отвори Претставничкиот дом пред заминувањето на Трамп од власта.

Според Гласот на Америка (ВОА), Претставничкиот дом се очекува да го изнесе обвинението за судењето на Трамп, поранешниот претседател ќе го застапуваат неговите адвокати, додека сенаторите ќе бидат поротници кои треба да одлучат за вината на Трамп.

Трамп е обвинет за поттикнување на бунтот на неговите приврзаници, кои на 6 јануари упаднаа во Конгресот и четири часа го држеа под окупација, за време на специјалната седница на која, подоцна истата вечер, беше потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори. Пет лица загинаа за време на насилствата во Конгресот.

Непосредно пред упадот во Конгресот, Трамп ја вжешти атмосферата на протестот во Вашингтон, повторувајќи ги неоснованите тврдења дека бил ограбен на претседателските избори на 3 ноември.

За Трамп да биде осуден потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот, односно 67 сенаторски гласа, што значи дека заедно со сите 50 демократи за импичментот треба да гласаат и 17 сенатори републиканци, додава ВОА.

Светските агенции потсетуваат дека Претставничкиот дом во декември 2019 година првпат гласаше за отповикувањето на Трамп од функцијата, но Сенатот, во кој во тој момент мнозинството го имаа неговите републиканци, го ослободи од обвиненијата на судењето.

Трамп е единствениот американски претседател кому Долниот дом на Конгресот на двапати му изгласуваше импичмент. Пред него, Претставничкиот дом ги отповика претседателите Ендру Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, но Сенатот потоа ги ослободи од обвинение.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Десетици илјади шиитски муслимани маршираат кон Карбала за Ашура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе