Вести Свет Топ вести

Парите и интересот најважни во набавката на вакцини против КОВИД 19

Сценариото од кое уште летото стравуваше СЗО полека се остварува. Долгоочекуваната имунизација против корона вирусот почна во најголем дел од светот, но достапноста до вакцините не е еднаква. Богатите земји ги купија најголемиот дел од вакцините, но за тие да стигнат до сиромашните земји ќе бидат потребни години. Во немоќ да обезбедат масовно производство од новата вакцина, фармацевтските компании во најголем дел потфрлија во испораката. И сега, прв добива оној кој и прв потпишал договор со компанијата. САД секако предничат со својот буџет, но добри залихи направи и Велика Британија. Од СЗО апелираат , богатите земји да почнат да размислуваат дека вакцините треба да се поделат и со посиромашните, откако ќе се вакцинираат најранливите групи.

Се надевам дека светските лидери ќе се договорат за правична поделба, откако ќе го надминеме сегашниот период на натпревар да се вакцинираат колку што може повеќе луѓе. На крајот, ова е еден вирус, кој го засега цел свет, сите сме во ризик, и мора да го гледаме како еден проблем, вели доктор Давид Набаро, специјален пратеник на СЗО за КОВИД 19.

Но, доктор Набаро не ги повикува само политичарите, туку и обичниот граѓанин да разговара со својот политичар и да укаже дека сите во светот треба да ја добијат заштитата против корона вирусот. Големото прашање според Набаро е како една држава сака да биде запаметена по 10-20 години.

Сакаме ли да не запаметат како свет во кој тие кои имаа пари можат да си дозволат вакцина за целата популација, а земјите кои немаа пари ќе мора да се справуваат со зголемени, драматично зголемена смртност кај здравствените работници? Не верувам.

Но, скорешната историја не е многу охрабрувачка. Моќниот антивирусен лек за третман на ХИВ, кој беше созаден на Западот во 1996-та спаси многу животи. но, му требаа седум години да стане достапен за најпогодениот континент Африка.

СЗО се надева дека богатите земји ќе се приклучат кон КОВАКС механизмот, и ќе почнат да донираат вакцини против ковид. Од 12-те производители на вакцината, купени се седум милијарди дози, а од нив повеќе од 4 милијарди се буквално украдени од земјите со висок стандард. За сиромашните се обезбедени само 270 милиони дози вакцини. КОВАКС механизмот успеа да купи една милијарда дози.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе