Вести Македонија Најважни

Заев не прифаќа предвремени избори, објаснува дека ја кочат државата

Нема да има предвремени избори. Ова е одговорот кој денеска го доби лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски од премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако тој пред неколку дена побара одржување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори во октомври.

„Мислам дека ова прашање е апсолвирано во јавноста, но моја должност е да дадам одговор и да го повторам тоа што нашиот народ го знае и го очекува. Конечно треба да престанеме со предвремени избори“, рече Заев.

ОД ВМРО-ДПМНЕ пак експресно му возвратија дека четири години е преголем период за неговата влада да ја води државата.

„Четири годишен период со најкриминалната, најкорумпираната, најкорумпираниот режим предводен од Зоран Заев е преголем период за да се остави таква катастрофа за Македонија“

Заев барањето за предвремни избори претходно го отфрли со став дека со нив се стопираат економските процеси во земјата, додавајќи дека државата има јасен правец по кој се движи и оти европеизацијата на земјата продолжува.

„Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси. Затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа, дотогаш треба сите, ама буквално сите, почнувајќи од мене, претседателот на државата извршната власт, општините, но и сите наши граѓани, да ги засукаме ракавите и да работиме“, рече Заев.

Барањето за предвремени избори стигна во четвртокот од Мицкоски со аргумент дека земјава има потребата од стабилно владино мнозинство да ја води државата, што денеска беше повторено и од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ на Заев му недостигаат седум пратеници кои не гласале за Димитров.

Тамара Грнчароска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите единствени во барањето гаранции од Бугарија – известувачот за Македонија во ЕП добивал заканувачки пораки по телефон

Дејан Дејан

Првиот роденден во бегство го прослави поранешниот вицепремиер Артан Груби- надлежните се уште немаат формална потврда каде се крие

Дејан Дејан

МТФ „ Војдан Чернодрински“ треба да се врати на патеките од пред 20 години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе