Вести Македонија

16 пожарникари на три општини во источниот регион

Кочанско поле  гори деновиве и  тоа во попладневните часови. Земјоделците ги палат стрништата и се подготвуваат за сеидбата на оризот. Но, битката со овие огнени јазици, кои се приближуваат до кочанските села и стопански објекти ја водат 16 кочански пожарникари. Лани имале 340 пожари, а дветретини од нив биле токму во полето, кое е на три општини. Надлежните апелираат земјоделците да не ги палат стрништата.

Општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци имаат само 16 пожарникари, а платите и сите инвестиции се на товар на локалната власт на Кочани. За да се доекипра според бројот на жители за овие три општини потребни се уште толку млади пожарникари. Досега Кочани неколкупати побарале меѓуопштинска соработка за противпожарната единица.

Низ земјените патишта во кочанско поле секојдневно се амортизираат противпожарните возила, кои во просек се стари 30 години, за кочанските пожарникари позитивно е тоа што пожарите ги гаснат во нови униформи и заштитна опрема, а се подновени и со ново возило за гаснење на висококатници. За разлика од Скопје и Штип кои лани и оваа година ги зголемија платите на пожарникарите, Кочани ова го има сторено уште пред две години, со што не се изложи на дополнителни тужби.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Првиот роденден во бегство го прослави поранешниот вицепремиер Артан Груби- надлежните се уште немаат формална потврда каде се крие

Дејан Дејан

ИЈЗ повикува на почитување на мерките за заштита за време на високи температури

Дејан Дејан

(Видео)Демонстранти погодени со шок бомби – протестираа поради апсењето мигранти во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе