Вести Свет Топ вести

Бајден: Нема потреба Трамп да знае разузнавачки информации

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју емитувано на 5 февруари посочи дека нема да дозволи поранешниот претседател Доналд Трамп да добива класифицирани разузнавачки брифинзи, повикувајќи се на „непостојаното однесување“ на Трамп.

Бајден одби да шпекулира што Трамп би можел да стори со класифицирани информации, но рече дека „нема потреба“ тој да ги прима брифинзите, кои традиционално им се даваат на претходните претседатели.

Во интервју за Си-Би-Ес, Бајден рече: „ Какво влијание има тој, освен фактот дека може да се лизне и да каже нешто? “

САД имаат традиција да им дозволуваат на поранешните претседатели да бидат брифирани за прашањата од национална безбедност . Прашан дали ќе ја дозволи оваа учтивост и за Трам, Бајден вели „не“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Дејан Дејан

Пожарите кај Измир ставени под контрола, огнената стихија сѐ уште беснее во Хатај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе