Вести Македонија Најважни

Концептот за основно образование на прва јавна расправа – за опозицијата е владина рекламна кампања

Владините претставници со пофалби за предложените реформи, универзитетските професори со критики и барање за промени на нацрт концепцијата за основно образование. Премиерот  Заев  најави дека со голема претпазливост ќе се пристапи кон новиот модел на настава. Ќе се земат предвид и мислењата и ставовите кои ќе се презентираат на јавната расправа.

Дел од универзитетските професори укажаа на избрзаниот и нетранспарентен начин на подготовка на концепцијата, без консултација на научната фела , наставниците, училишните одбори.

Академик Владо Камбовски побара предметот историја да се изучува посебно, а претседателот на мешовитата комисија со Бугарија, Драги Георгиев смета дека таа треба да се изучува како дисциплина која ќе развива критичко мислење.членот на работната група за креирање на концепцијата, Виолета Петровска-Бешка најави дека предметот општествени науки ќе претрпи промени и ќе се вика историја и општество.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на списокот по чиј редоследот се дискутираше, обвинувајќи дека јавната расправа се претворила во владина пропаганда и наместо на професорите предност за обраќања им се дава на владини претставници. Сите забелешки за рафеормите во образованието  кои ќе се изнесат ќе бидат разгледани од Министерството за образование по што ќе се утврди конечниот текст на нацрт концепцијата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе