Вести Свет Топ вести

Во ЕУ ќе се патува само со негативен ПЦР тест

Граѓаните од  земји кои не се членки на Европската Унија, кои патуваат од каква било причина во ЕУ при влез ќе мора да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, ова е препораката која ја усвои Советот на Европската Унија. Освен тоа, за овие лица можен е и карантин во период од 14 дена, како и следење на нивните контакти.

Ваквата мерка ќе биде задолжителна особено за патниците кои доаѓаат од држави каде е откриен некој нов сој на корона вирусот.

Истовремено, ЕУ ќе ги укине рестриктивните мерки за патување за земјите во кои нема повеќе од 25 новозаразени на 100.000 жители во рок од 14 дена, кои имаат стабилен или опаѓачки тренд на нови случаи, повеќе од 300 тестови на 100.000 жители во претходните 7 дена со не повеќе од 4 отсто позитивни тестови.

Ограничувања на патувања во ЕУ повторно ќе бидат воведени за оние земји каде епидемиолошката ситуација се влошува, а особено кога ќе се откријат нови видови на коронавирусот.

Ќе бидат дозволени само оправдани патувања од итни причини.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе