Македонија Најважни

Во Софија уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски

МВР соопшти дека добила известување од колегите во Бугарија дека денеска во Софија  е приведен Игор Спасов, по кого беше распишана меѓународна потерница.

Спасов е осуден нa 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски.

Нешкоски беше претепан до смрт на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година на плоштад „Македонија“, во центарот на Скопје.

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ пред една година, поради лекарски и вешти наоди дека морало врз него да се извршат најмалку две хируршки интервенции. Тој се оперирал од дискус хернија и од кила. Требало да се врати во затворот „Идризово“ на 18 октомври, но не го сторил тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе