Вести Македонија

Струмичките актери шокирани од одлуката за директор на Центарот на култура

Струмичките актери бараат министерството за култура да ја повлече одлуката за избор на нов директор на центарот за култура „Антон Панов“, бидејќи сметаат дека изборот е несоодветен. Велат дека културните институции се специфични и треба да ги водат луѓе со искуство во оваа област.

Една од останатите две кандидатки за директор е Оливера Аризанова Мансбарт. Вели дека е чуден изборот од тројца кандидати, од кои двајца се работници од областа на културата а третиот од образование, токму тој да биде избран.

 Од министерството за култура информираат дека изборот на новиот директор, е направен бидејќи останатите два кандидата немле потполна документација. Една немала сертификат за познавање на англискиот јазик, а вториот дека нема докази дека е познат и признат културен работник како и доказ дека последните 5 години работел во областа на културата. Само избраниот кандидат формално правно ги исполнувал условите од конкурсот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе