Македонија

Американската амбасадорка по извештајот на Транспаренси: Борбата против корупцијата останува критично значајна задача

Кејт Брнз, амбасадорка на Соединетите американски држави во Македонија на социјалната мрежа Фејсбук објави дека по објавата на извештајот на “Транспаренси Интернешнл” е јасен сигнал дека борбата против корупцијата останува критично важна задача за нашата држава и е во фокусот на стратешкото партнерство на двете држави.

“Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата“, подвлекува американската амбасадорка.

Македонија е на историски најлошото, 111-то место на ранг листата за Индексот за перцепција на корупцијата за 2020-та година, заедно со БиХ, Монголија и Панама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе