Македонија бележи пад на глобалниот индекс за перцепцијата на корупцијата за 2020 година од пет места, споредено со лани и е рангирана на 111 место од 180 земји, што е најлошо рангирање во последните 20 години, покажа годишниот извештај на Транспаренси интернешнл на глобално ниво. Македонијаа 111 место го дели со Босна и Херцеговина и се најслаби рангирани од целиот регион, како и со Панама и Монголија.
Најголемо опаѓање на индексот на перцепција на корупцијата се бележи во делот на владеењето на правото и правдата. Анализата на резултатите за 2020 година за Македонија, кои ги презентираше претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева, покажуваат дека мерките кои ги преземени од Владата, но и на другите институции, вклучително и на Собранието, судовите, незавнсите институции, за борба против корупцијата се недоволни и се во сфера на декларативното, без видливи резултати, пред се во делот на ефикасноста на судството и негова ефиксна реформа.
Најдобро рангирани земји на Индексот на перцепција за корупцја за 2020 година се Данска, Нов Зеланд и Финска, додека најлошо рангирани се Сомалија и Јужен Судан. Од земјите на ЕУ најлошо рангирани се Унгариија, Романија и Бугарија кои се на 69 место на индексот.