Македонија

За десетина дена трговските субјекти во неопожарениот дел на Глобал ќе почнат со работа

За десетина дена трговските субјекти во неопожарениот дел на Глобал ќе почнат со работа. Завршуваат работите околу пазарот, холовите и чистењето на дуќаните. Овој дел и физички се одвои од оној што гореше, со помош на гипс картон.

Сопствениците на дуќани и тезги, како и оние што изнајмуваат простор во овој центар веќе ги сумираа штетите и ги пријавуваат. Очекуваат обесштетување на дел од она што го загубиле.

Трговскиот центар Глобал изгоре пред речиси еден месец, на 2 јануари. Пожарот тргнал од внатрешноста на објектот, но досега нема официјални информации што го предизвикало.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе