Ковид19 Македонија Најважни

Владата одобри увоз на 200.000 вакцини од Кина кои се направени на база на инактивен вирус

Прелиминарните разговори за да се донесат во земјава кинеските вакцини за Ковид-19 се завршени и за неколку дена се очекува договорот да биде финаширан, кога и точно ќе се знае што ќе биде потребно за кинеските вкацини да се регистрираат кај нас. Во меѓувреме регистрацијата на вакцината „Фајзер“ ги чека законските измени на Законот за лекови и медицински помагал кој е во Собраниска процедура, без кои вакцината не може да се увезе во земјава. Од Агенцијата за лекови и медицински средства информираат дека штом се исполнат законските услови за увоз на викцините, регистрацијата ќе одвива најбрзо што е можно.

Владата одобри увоз на 200.000 вакцини од Кина кои се направени на база на инактивен вирус на САРС-КоВ-2, а за кои како што дознава Телма, прелиминатните разговори се завршени. Од министерството за здравство директно ги контактрирале кинеските производители на вакцината „Синофарм“, а откако ќе финишираат разговорите точно ќе се знае што ќе биде потребно за овие вакцини да бидат увезени во Македонија.

„По наши инфомции тоа ќе следи брзо, во следните неколку денови ќе имаме финален договор со Кинезите. Тогаш ќе дознае министерството за здравство што точно што они бараат за да може на нас да ни пренесат, за ние да видиме во рамки на нашата регулатива, по кој пат би го терале тоа како процедура“, вели Љирим Шабани, директор на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД.

Шабани не сакаат да шпекулира колку би траела процедурата на регистрација, но оти тоа ќе го спроведат во најбрз можен рок.

И додека се чека да се види под кои услови, односно по која процедура ќе се увезува кинеската вакцина, вакцината на „Фајзер“ го чека изгласувањето на законските измени кои се во Собрание за да дојде во земјава, по што ќе може во Македонија да стигне донацијата од Србија од 8.000 вакцини, но и да се реализираа првата пратка од 5.800 од вкупно 800.000 вакцини нарачани директно од производителот „Фајзер“, првично најавени за февруари.

„Ние не побаравме регистрација на вакцините, законот ни дава, повторивме неколку пати, ни дава можност тоа да го вржиме преку интервентен услов, како што е оваа сегашнава и дека иницијатива на ’Фајзер’ беше првично да се регистрира вакцината кај нас во државата за д аможе после ние да ја донесеме. Тоа беше ниво барање. Ние поднесовме измени на Законот оти не исполнуваа закон за регистрација“, појаснува Шабани.

Но за да се направи увоз на вакцина во земјава освен исполнување на законските услови, нужното таа да биде регистрирана во земјата од каде се увезува, со што се дава и гаранција за неа, и да ги има поминато сите фази на испитување. БНо битни се и два други моменти, информира Шабани и тоа вакцината физички да пристигне во земјава, како и пропратната документација што оди со неа, како сертификатите, документите за режимот на чување. Откако ќе завршат и тие процедури МАЛМЕД ќе може да даде конечно одобрение за пуштање во промет на вкацината.

Според имолозите и истражувачите во земјава штом една вакцина ќе го помине процесот на одобрување за влез воз емјава тие немаат дилема дека вакцината е добра во заштита од коронавирусот, без оглед на каква база и технологија е создадена.

Инаку освен директната набвака „Фајзер“ и од вакцините од кина, Македонија ги чека и 800.000 вакцини преку Ковакс системот, кој досега не профункционира.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе