Македонија

ДУП-овите ќе откријат што всушност ќе се гради на езерото Треска

Додека багерите прават простор за инвеститорите на езеротот Треска граѓаните сеуште чекаат Општина Сарај да го презентира ДУП и да соопшти што точно планира да се изгради таму.

Градоначалникот Шилегов смета дека неговиот претходник требало да реагира на владината одлука со која езеротот потпаѓа под надлежност на Општината но и тој планирал , како што најави во предизборната програма, „да го врати сјајот“ преку јавно приватно партнерство како што е сега случајот.

Тој го повика неговиот колега Блерим Беџети, да го објави ДУП-от, но не кажа детали што има во него иако според закон општинскиот ДУП мора претходно да биде одобрен од Град Скопје

Шилегов не се согласува со Беџети околу сопствениците на приколките кои уредно плаќале закупнина со години наназад.

Одлуката езерото Треска да добие сосема нов лик и намена го носи Владата во ноември 2013 година и ја префрла надлежноста од Град Скопје на Општина Сарај.

Пренамената на рекреативното езеро во туристичка зона наиде на осуда кај голем дел од жителите на Скопје а кампретите кои имаат платено закупнина протестираат бидејќи им е врачен рок од 60 дена да ги дислоцираат приколките.

Тие, како и градоначалникот сметаат дека има место и за нив крај езерото и покрај тоа што ќе се гради. Додека камперите бараат прием во Владата багерите на јавното комунално претпријатите „Сарај“ формирано од Општината токму за управување со езерото ажурно продолжуваат со уривање на објектите и инфраструктурата и расчистување на теренот.

Езерото Треска беше изградено пред повеќе од 40 години  со самопридонес на граѓаните на  Скопје и со децении беше место за одмор преку викенд и во летните месеци.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вонредна состојба во болницата во Кочани

Дејан Дејан

„Вреди“ преговараат за проширување на пратеничката група, Алијанса обвинуваат дека и сегашната е неделовничка

Дејан Дејан

Пораст на менталните нарушувања кај младите – сè уште табу да се побара стручна помош

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе