За 73% помалку заболени од сезонски грип годинава во споредба со истиот период лани. Во земјава има вкупно 433-ца заболени од грип, информираше министерството за здравство. Најголемиот број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години – 190 случаи, а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0 до 4 години.
Во втората недела од оваа година, пријавени се 36 случаи на заболени од заболувања слични на грип, а тоа е зголемување од 18 случаи во однос на истата недела лани. Досега вакцинирани се вкупно 48.406 лица против сезонски грип, најголем дел со бесплатната вакцина. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување, додаваат од министерството.