Македонија

Опремата за прислушување на УБК имала употребна вредност од 1.418.897 евра

Опремата за прислушување од системот „Најс“ на УБК која беше уништена во 2015  имала употребна вредност од 1.418.897 евра. Ова го соопшти на денешното судење вештакот за материјално, сметководствено и финансиско работење Ѕвонко Кочовски кој ја наведе оваа сума како проценетата вредност на опремата. Тој објасни и како се дошло до сметководствена вредност од 1 денар на опремата, чие уништување се случило по избивањето во јавност на аферата за прислушувањето.

Сметководствената вредност наведена како 1 денар е со датум 31.12.2013 година, а до таа сметководствена вредност е стигнато со книжење налози во јануари 2015 година. Тоа значи дека по една година и еден месец од сведувањето на сметководствената вредност, пуштени се налози за книжење, рече вештакот.

Според адвокатот Влатко Илиевски кој е сопруг на обвинетата Гордана Јанкуловска вештакот мешал баби и жаби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе