Пратеникот Аантонио Милошоски обвини дека меѓу пратениците во Собранието, има пратеник, кој силувал жена и побара во новиот Закон против семејно насилство, сторителите на родово базирано насилство да не можат да бидат кандидати за политички функции.
Денеска Собранието расправаше за Законот за спречување насилство врз жените и семејно насилство. На седницата Милошоски рече дека, во Собранието има пратеник кој силувал жена, а сепак, е на висока функција. Тој не го кажа името на пратеникот, но рече дека пратеникот бил осуден за силување и ја одлежал казната.