Ковид19 Македонија Најважни

Се преговара за 200.000 дози кинеска вакцина

Македонија преговара со Кина за 200 илјади дози од нивната вакцина за Ковид. Ако успешно се завршат преговорите, шишињата веднаш ќе завршат во фрижидерите на здравствените домови во земјава. Датумот кога би пристигнале, ниту пак други детали не се познати. Здравствените власти се насочија да се обратат на Исток, затоа што производителите кои први се пробија на пазарот сред пандемијата затајуваат со бројот на дози кои можат да ги испорачаат во земјите каде што им ги ветија. Кинеската вакцина која се прима во две дози на 28 дена е безбедна и нема никаков сомнеж за тоа смета министерот Филипче, кој за Телма кратко потврди дека и тој ќе ја прими.

Процедурата се уште не е целосно разјаснета – што ќе се случува ако преговорите со Кина завршат успешно. Претходно и производителот „Фајзер“ се договори со Македонија за вакцините, а потоа побараа законски измени и регистрација. Во следните денови ќе биде познато околу набавката на оваа вакцина на кинеската државна компанија „Синофарм“. Но, министерот не ја исклучи и опцијата за преговори со други компании.

Граѓаните во соседна Србија, како и Унгарија веќе го вакцинираат населението со кинеската вакцина. Вакцините не можеле досега да бидат регистрирани во вакциналните календари затоа што се нови, појаснува министерот Филипче.

Националната здравствена комисија на Кина регистрирала четири ипол милиони луѓе коишто ја примиле вакцината на „Синофарм“. Од сите коишто ја примиле, само 0,1% имале некакви симптоми по примање на вакцината како благо покачена температура, а може да се појави и болка во горниот дел од раката.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе