Опремата за прислушување од системот „Најс“ на УБК која беше уништена во 2015 имала употребна вредност од 1.418.897 евра. Ова го соопшти на денешното судење вештакот за материјално, сметководствено и финансиско работење Ѕвонко Кочовски кој ја наведе оваа сума како проценетата вредност на опремата. Тој објасни и како се дошло до сметководствена вредност од 1 денар на опремата, чие уништување се случило по избивањето во јавност на аферата за прислушувањето.
Сметководствената вредност наведена како 1 денар е со датум 31.12.2013 година, а до таа сметководствена вредност е стигнато со книжење налози во јануари 2015 година. Тоа значи дека по една година и еден месец од сведувањето на сметководствената вредност, пуштени се налози за книжење, рече вештакот.
Според адвокатот Влатко Илиевски кој е сопруг на обвинетата Гордана Јанкуловска вештакот мешал баби и жаби.