Македонија

Адвокатот на тренерот по џудо од Прилеп најавува повлекување од случајот

Адвокатот Жаре Стеваноски, бранител на  46 годишниот џудо тренер  од Прилеп, од етички причини ќе се откаже од својот клинет  доколку утре  по увидот во предметот  произлезат било какви докази за осмничениот, кој се товари за сексуално злоупотреба  на  три малолетни девојчиња кои тренирале во неговиот клуб. За случајот кој деновиве ја шокираше јавноста,  Стеваноски вели дека  одлуката ќе ја доденсе откако ќе го види вештачењето  за мобилната комуникација меѓу  тренерот  и децата  кои му биле доверени во џудо клубот.

Доколку од неа произлезат основи за сомнeвањето, јас како негов бранител ќе се повлечам, чисто од етички причини, затоа што од мојот клиент бев известен дека нема допирна точка со обвинението кое му се става на товар. Се губи принципот на меѓусебна доверба и јас мора да си го испочитувам мојот кодекс на однесување, по однос на постапување со моите клиенти. Така што, ако излезат докази кои ќе го потврдат основаното сомнение јас се повлекувам како негов бранител, изјави за Телма, адвокатот Стеваноски.

На осомничениот вчера му е одреден 30 дневен притвор, по шокантните сведочења на трите малолетни девојчиња. Според обвинителството се работи за продолжено кривично дело обљуба со злоуотреба на положбта, затоа што од април до ноември лани, во Прилеп но и на други места, заради задоволување на полови страсти извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години, ученички кои му биле доверени за тренирање и воспитување, наведуваат од Обвинителството. Станува збор за тренер и сопственик на познат, но не и единствен џудо клуб во Прилеп. Сега истрагата треба да утврди дали има и други жртви кои стравуваат да проговорат.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе