Вести Македонија Топ вести

ДИК нема пари за „фингерпринт“за локалните избори

Државната изборна комисија влегува во изборна година со нов состав но и како што рекоа за сега со помалку пари од тоа што им е потребно за спроведување на локалните избори на есен. Во буџетот на Комисијата има 4,3 милиони евра за изборите. Но, министерството за финансии не им одобрило речиси 4,9 милиони евра за набавка на опрема која ќе овозможи граѓаните за прв пат на избори да се идентификуваат преку отпечаток на прст. Според претседателот на ДИК Даштевски, тие мора да ја спроведат законската обврска, ако пари не даде финасии. ќе побараат од Владата.

Политичките партии за медиумска кампања ќе добијат речиси 2,8 милиони евра. Но, според Даштевски и тие ако не се доволни ќе бараат уште.

Од Комисијата ги потсетија општините дека за локалните избори и тие имаат обврска да обезбедат пари во нивните буџети. Општините ќе треба да го платат превозот на членовите на Избирачките одбори од општинските до избирачкото место. Но, нивна обврска е и исплатата на надоместоците.

Во буџетот пари има за гласачките материјали,превоз, опрема за изборите, за обуки на вработените.  45.000 евра се обезбедени за пи-ар агенција која ќе ја изработи кампањата на ДИК за обука на гласачи. Даштевски убедува дека ќе работат на зајакнување на системот, за да не се случи повторно хакерски напад, како на ланските избори.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Состаноци наместо преговори во Истанбул – прво Турција, САД и Украина, а потоа Турција, Русија и Украина

Дејан Дејан

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе