Вести Македонија Топ вести

Корона вирусот кој сега се шири во нашата земја е детектиран како вид уште летово во јуни месец кај пациент од Охрид, соопшти министеството за здравство. Согласно епидемилошките податоци, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена преносливост, ниту пак со тежината на клиничката слика на заболените.

Заклучно со 11-ти јануари во македонија не е утврдено присуство на новиот вид корона вирус од Велика Британија.

Од министеството за здравство соопштија дека нивните податоци се базирани на лабораториските испитувања на МАНУ, каде се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со КОВИД-19, со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација.

Последните податоци се однесуваат на анализа на 50-тина геноми во периодот од изминативе 2 месеца. Анализирани се близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот, но два се доминантни кај заболените.

Првиот вид е присутен во цела Европа, а вториот е присутен најмногу во Србија, Хрватска, Косово, како и кај нас.

Новиот сој на коронавирусот од Велика Британија, кој побрзо се шири, засега е детектиран во Србија и во Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе