Вести Македонија

Нерационални се негирањата на македонскиот јазик

Со негирањето на македонскиот јазик во одредени политички околности на кои сведочиме денес најмногу на удар е творештвото на академик Блаже Конески, како еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, забележа претседателот Пендаровски во своето поздравно обраќање  на почетокот на Првата зимска школа со која и официјачно започна чествувањето на големиот јубилеј 100 години од раѓањето на Конески.

Во период кога, за жал, од политички причини, повторно се негира постоењето на македонскиот јазик, иако тој е одамна верификуван од светската лингвистичка наука, токму делото на Конески е најмногу на удар. Во таа смисла, еден од најцврстите бедеми во одбраната од неаргументираните и често ирационални напади е Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура кој зад себе има веќе пет и пол децениска традиција со повеќе од петстотини учесници од шеесетина земји од сите меридијани на светот, рече претседателот Стево Пендаровски. 

За македонистите токму Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во сите изминати години е само уште една потврда за апсурдноста на оспорувањето на македонскиот јазик.

Замислете нешто што е кодифицирано од таа 1945 –та и на која што се создала една велелепна литература на која што можам слободно да кажам една европска култура и вие нешто да негирате. Семинарот за македонски јазик  има повеќе од 50 години активно учество во славистиката и славистичкиот контекст, вели  проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска, директорка на МСМЈЛК

Фигурата на Конески како раскошен поет, филолог, препејувач и преведувач, книжевен критичар и есеист е непресушен извор за истражување, додава Мојсова – Чепишевска.

И некој сега во 2021 година, во годината кога славиме 100 години од раѓањето на Конески да ви каже дека јазикот ви излегол од некој друг јазик мислам дека е неразумно и воопшто е надвор од европскиот концепт и од правото секој да зборува на својот јазик, да се изразува и да ја развива својата научна и културна мисла, вели Чепишевска. 

На оваа прва зимска школа која се одвива онлајн и во чиј фокус е великанот Блаже Конески учествуваат 50 странски семинаристи кои имаат можност да проследат 40 часа квалитетна лекторска настава.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

Дејан Дејан

Обдукцискиот наод за Ведат Адеми, кој почина по примање на терапија, доставен до ОЈО Куманово

Дејан Дејан

Шести Самит на Европската политичка заедница, прв на Западен Балкан – премиерот Мицкоски на настанот во Тирана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе