Вести Македонија

Тетово се уште без капела, верските обреди се прават во семејните домови

И по речиси цела година откако предадена на управување на Јавното комунално претпријатие, капелата во Тетово сè уште не е пуштена во употреба. Наместо да им служи на православните верници, особено во време кога треба да се избегнуваат семејни собири поради ширење на заразата со коронавирусот, објектот остана заклучен, бидејќи комората која е поставена во неа не ги задоволува стандардите.

Граѓаните велат дека иако знаат дека во градот има капела, сепак, не можат да ја користат кога им е најпотребна.

Од Канцеларија за односи со јавност при Општина Тетово уверуваат дека се работи за мали технички пропусти и дека капелата наскоро ќе биде пуштена во употреба.

„Пред да биде комплетно пуштена во употреба капелата направени се консултации со црковните служби во општина Тетово и со советничките групи кои имаа неколку забелешки во врска со капелата. Веднаш пристапивме кон регулирање на забелешките и очекуваме најдоцна до април истата да биде целосно пуштена во употреба. Станува збор за ситни технички работи кои за да се отстранат, сепак треба одредена документација која бара време“, соопштија од Канцеларија за односи со јавност при Општина Тетово

Жителите на Тетово одамна иницираа изградба на капела, меѓутоа тој процес траеше со години. Објектот започна да се гради во 2015 и беше завршен за три години. Минатата година, пак, со одлука на Советот беше предаден на управување, но и денес не е во функција.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе