Вести Македонија Најважни

За пописот се чека потпис од Претседателот

Законот за попис кој  е изгласан во Собарнието, чека потпис кај претседатлот Стево Пендраовски. Од неговиот кабинет велат дека во тек се консултации  на шефот на државата со правните екперти, а доколку нема ништо спорно, претседателот ќе го потпише Законот следната недела. Во меѓувреме ВМРО-ДПМЕН, најави дека ќе започне процедура за собирање потписи за поништување на Законот за попис, а  партија го повика Пендаровски да не го става својот потпис.

Претседателот Пендаровски примарно најдобро да се консултира со експерти од оваа област. Доколку се консултира со вистински и објективни експерти по ова прашање верувам дека ќе го упатат кон тоа дека не е овој закон правилниот начин за спроведување на попис. Ќе повторам попис треба, попис треба час поскоро. Но, попис треба земајќи ги во предвид  современите алатки кои што ги имаме во 21 век. Треба електронски попис на Македонија, а Македонија има капацитет тоа да го направи и притоа нема никој да се сомнева во конечните статистики кои што ќе произлезат од него, рече Тимчо Муцунски, пратеник од ВМОР-ДПМНЕ.  

Од СДСМ велат дека собирање потписи и повик грѓаните да го бојкотираат пописот е антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваат партијата да ги преиспита свои ставови во однос на оваа статистичка операција.   Директорот на Дражавниот завод за статистика, Апостол Симовски,  во ВИН ВИН на Телма рече дека  сите опструкции ќе бидат санкционирани.

Ние ќе поднесме пријава до Обвинителството, но ќе поднесеме пријава и до мотиваторот на таквото дејство, бидејќи станува збор за кривична одговорност, а казаните во законот се  и до 5 години, рече Апостол  Симовски, директорот на  Државниот заводот за статистика.

 Дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека пописот е повеќе од  потребен, а казните можеби се превисоки,  но оправдани. Според Законот за попис членот 51 предвидува  глоба од 200 до 300 евра за физичко лице кое ќе одбие да ги даде подтоците што се бараат од него за пописот или ќе даде неточни  податоци

Реални се казните. Мора да се научиме да ги почитуваме правилата и прописите  во дражавата.

 

Треба да имаме граѓанска одговорност, но ако треба да се казнува нека се казнува, велат граѓаните.

Други пак се убедени дека пописот е исполитизиран.

Емилија Мисирлијевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе