ВМРО-ДПМНЕ му се пожалило на Евроамбасадорот Дејвид Гир за неквалитетното законско решение за пописот. Најголемиот дел од забелешките се однесувале на методологијата и врзаниот потпис.
СДСМ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од идејата за собирање потписи за поништување на законот.
ВМРО-ДПМНЕ не не отстапува и ќе ја отпочне постапката за собирање потписи во подрачните одделенија. Вицепремиерто Артан Груби вели дека никој нема право да ги оспорува резултатите.
По објавувањето на законот за попис во Службен весник, се очекува Заводот за статистика да ја презентира методологијата по која ќе се спроведува најголемата статистичка операција во државата.
Јулијана Пешевска