Македонија Најважни

Бугарија не се повлекува од идентитетските барања, на македонските пратеници ќе им се презентираат државните позиции

Бугарија не се откажува од идентитетските условувања кон Македонија. Бугарскиот одговор на македонскиот акциски план кој го испорача пред неколку дена ги содржи, меѓу другото, токму старите барања на Бугарија за дефинирање на македонскиот идентитет, што според претседателот Стево Пендаровски, излегува надвор од рамките на Договорот за добрососедство. Ставот на Пендаровски искажан во интервју за МИА е дека земјава нема да разговара за идентитетските теми.

„Одговорот што го видов од бугарска страна на нашиот акциски план практично не одговора на еден дел од нашите барања. Има и за тоа, меѓутоа, повторно во тоа вметнувате што вие мислите за идентитетските белези на македонската нација. Ние тоа не го бараме, не го споменуваме во акцискиот план бидејќи е надвор од било какви преговори. Ви реков можеме секоја друга област да ја зборуваме, не смееме и нема да зборуваме сигурно за тоа кои сме и што сме“, дециден е Пендаровски.

За Шефот на државата мерките кои ги понудила Македонија во акцискиот план биле со цел да се олабави атмосферата меѓу двете земји, со разговор за, како што вели, страничните прашања на главниот проблем – инсистирањето на Бугарија дека Македонците пред 1944 биле Бугари. Пендаровски притоа е скептичен дека во наредните три месеци може да се убеди Бугарија да го крене ветото за Македонија.

И додека барањата и рампата од Бугарија остануваат, се крева рампата токму за нејзините барања и процесот на разговори да се најде пред македонските пратеници. Најавата дојде од шефот  на државата, а за Телма ја потврдија од Владата од каде  велат дека информаците поврзани со прегворите со Бугарија ќе му бидат доставени на Собранието.

„Претставници на Владата на Република Северна Македонија се подготвени пред пратениците да презентираат информации поврзани со преговорите со Република Бугарија. Во комуникација потврдено е дека постои интерес за одржување на сесијата во Собранието, периодов ќе следи усогласување на термините согласно агендите, по што јавноста ќе биде информирана“, наведуваат од владата.

Но ако претседателот знае, а владата потврди, претседателот на Комисија за надворешна политика во Собранието, Антониот Милошоски, за Телма вели дека се уште не е известен за одлуката на владата, а првиот човек на комисијата за европски прашања, Арбр Адеми не добивме одговор.

„За сега не сме добиле официјално известување од владата се подготвени да го предочат овој Договор, анекси, протоколи или кои и да се други забелешки на Бугарија по однос на Договорот. Доколку има такво расположение, ние ќе организираме Комисија и ќе има многу интересни прашања за владините министри“, вели Милошоски.

На прашањето дали оваа седница на Комисијата биб ила отворена или затворена, тој е на став:

„Не гледаме причина зошто би била поинаква седницата освен отворена. но власта има право да предложи и друг начин, ИМААТ МНОЗИНСТВО во собранието и можат, не би ме изненадило ако инсистираат на затворена седница“, одговара Милошоски.

Можноста информациите за прегвоорите со Бугарија наместо пред Комисијата за надворшна политика да заврши пред Комисиата за европски прашања, Милошоски рече дека би било импровизација и разговор на власта сама со себе по ова клучно прашање, а не со сите политички чинители, вклучително и опозицијата. Милошоскиза Телма вели дека опозицијата останува на пзоцијата дека останува на ставот дека за прашањето со Бугарија потребно е создавање надпартиски консензус во земјава потврдан со заедничка декларација меѓу партиите.

Инаку можноста за текот на преговорите со Бугарија конечно да стигнат пред пратениците ја најави шефот на дипломатиијата Бујар Османи пред неколку дена со писмен одговор на барањето на Милошоски за расправа, во кое Османи искажа подготвеност токму пред матичната комисија во Собранието да бидат отворени сите прашања поврзани со надворешната политика.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе