Вести Македонија Најважни

Недостигот од клексани ја разбуди хуманоста, ама и црниот пазар

Трката за клексани се префрли и на црниот пазар. Заболени од корона но и трудници кои биле во потрага по овие лекови кои се почесто ги нема во аптеките го набавуваат од препродавачи, сведочат за телма луге кои сакаа да останат анонимни. Ампула од 0,4 мл за околу 250 денари се продава и по 450 денари, а според дел од лугето се набавуваат од соседните земји, најчесто од Косово и Србија. Трудница која била во потрага по овие лекови против коагулација на крвта добила понуда да купи една ампула за 350 денари. Друг човек со кој разговараше Телма а го бара лекот поради тромбоза, добил информација дека се набавува од луѓе од Велес и чини 450 денари. Најчесто пациентите ги примаат секој ден по една, па прават залихи за цел месец.

Во Министерство за здравство нема пријавено случај на злоупотреба на лекот Клексан или било кој друг лек од оваа палета. Недостиг нема и покрај зголемената потрошувачка. Министерството има контрола преку Мој Термин за секој препишан лек, вклучително и клексанот. Точно се знае која институција колку требува и колку троши клексани, велат од Министерството за здравство. 

Телма разговараше и со администраторот на групата за ковид искуства на фејзбук. Очигледно е вели дека има по 5 – 6 пишувања во кои се бараат клексани, но вели дека најчесто се работи за комуникација во која клексаните или се даваат на подарок од хумани причини или се продаваат по иста цена како во аптека. Тоа се најчесто луге кои се лекувале од корона а на кои им останале неупотребени па одлучиле да ги поклонат. Вчера министерот Филипче убедуваше дека ке се најде решение но нема прецизни одговори какво.

Инаку замена за клексанот е фраксипаринот но и него го нема во аптеките. Начинот на кој се издава е само по препорака од специјалист, а матичните лекари издаваат розев рецепт и потврда дека го инектирале. Така фондот после ги рефундира парите на пациентите. Сомнежите на дел од лугето се дека се прават огромни залихи кои подоцна се препродаваат на црно.

Во меѓувреме министерството објави дека д димери кои се показатели на коагулацијата на крвта ке се проверуваат и на државно во три поликлиники но само во скопје. Реакциите на пациентите се дека овие термини ке бидат и недоволни, но и нефер за останатите градови од внатрешноста. Најчесто овие параметри болните кои се лекуваат од дома се одлучуваа да ги испитуваат во приватните клиники за околу 1500 денари, бидејќи државните лаборатории или беа преоптоварени или немаа реагенси. Телма веќе објави дека дури и крв на пациенти од други  градови се испрака по такси за проверка во скопје поради недостигот од реагенси во помалите места.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе