Вести Македонија

Независните уметници најсилно погодени од Ковид кризата

Премиерата „Пасивно пушење“ ќе ја врати штипската публика во театарот. Но, комедијата ќе можат да ја видат само 35 гледачи, во салата во која има 180 седишта, а поради здравствените протоколи публиката ќе биде со маски и наместо во вообичаениот термин ќе  почне во 15 часот. Актерите велат дека им недостасува публиката.

Вработените во штипскиот театар велат дека проблемите во време на корона пандемијата им се пред се од психолошки карактер, бидејќи им треба публиката и аплаузот. Најпогодени се нивните колеги независни уметници и музичари.

Лани штипскиот театар имаше четири претстави, а за годинава се уште не знаат, бидејќи ја немаат добиено Програмата од Министерството за култура, ниту пак знаат дали некој од објектите ќе биде реконструиран.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе