Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти од: Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11, Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3.
Починати се 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.986, бројката на оздравени пациенти е 69.137, на починати е 2.672, а бројот на активни случаи изнесува 16.177. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 38.165, активни 9928
- Куманово 4.951, активни 470
- Дебар 695, активни 139
- Штип 3.417, активни 204
- Прилеп 4.430, активни 325
- Тетово 4.925, активни 702
- Струга 2.115, активни 185
- Велес 2.908, активни 380
- Битола 3.152, активни 371
- Охрид 2.614, активни 425
- Кавадарци 2.350, активни 465
- Гостивар 3.504, активни 439
- Гевгелија 1.234, активни 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 2.443, активни 453
- Крива Паланка 697, активни 99
- Радовиш 665, активни 76
- Крушево 184, активни 31
- Кочани 1.673, активни 153
- Пробиштип 471, активни 36
- Демир Хисар 239, активни 29
- Македонски Брод 234, активни 15
- Пехчево 173, активни 25
- Берово 554, активни 65
- Валандово 323, активни 32
- Виница 472, активни 62
- Делчево 708, активни 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 206, активни 14
- Свети Николе 1.060, активни 71
- Кичево 1.641, активни 191
- Ресен 688, активни 125
- Неготино 1.095, активни 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.192 теста се преку: ИЈЗ-538, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-226, Биотек-180, МАНУ -108, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -191, лабораторија Лаор –75, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-30, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -554, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на Ковид -19.