Македонија Најважни

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието за денеска се најавени седници на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија, како и на Комицијата за европски прашања

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за предлог- законите за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, на Законот за регистрирање на готовински плаќања, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, сите во прво читање, измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, како и измените и дополнувањат на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот и законите за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа,  и на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, трите по скратена постапка и во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во прво читање, изменување и дополнување на Законот за прекршоците и на Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Македонија”, двата по скратена постапка, во второ читање.

Предлог законот за Агенцијата за раузнавање, по скратена постапка во второ читање, измените и дополнувањата на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка  и постапка од работен однос во втор степен, во прво читање и Предлог законот за меѓународна соработка во кривичната материја исто така во прво читање ќе се најдат пред членовите на Комисијата за европски прашања.

Две седници ќе одржи и Законодавно – правната комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чакулев: Сѐ она што гледаме дека се гради е главно од постари ДУП-ви

Дејан Дејан

Ниту една урбана општина не го исполнува стандардот од 25 метри квадратни зеленило по жител

Дејан Дејан

Злосторства на „Беланоца/Барон“: Пред 5 години, убиле скопјанец за 10 000 евра бидејќи сметале дека убиениот соработувал во истрагата за петкратното убиство кај Смилковци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе