Две барања стигнаа од Грција денеска поврани со Македонија. Првото е до Европската унија, дека не смее да го треген проширувањето од маса, додека второто е директно за земјава – целосна имплементација на Договорот од Преспа. Од шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, иако денеска стигна позитивна оцена за употребата на новото име Северна Македонија од страна на земјава, јасно беше укажано дека употребата на сонцето од Вергини и антиквазицијата во земјава се уште и бодат очи на Грција, а беше побарана посоодветна примена на новото име.
„Од една страна имплементација и постојано користење на името и терминологијата од страна на соите јавни институции и приватни ентитети, вклучително и веб-страниците. Од друга страна искоренување на проблемот со антиквизацијата, отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни простори и употреба. Преименување на јавните патишта и објекти“, Никос ДендиАс.
Првиот човек на македонската дипломатија Бујар Османи во контекст на Преспанскиот договор пак со став дека пандемијата со Ковид- 19 ја забавила имплементацијата на Договорот.
„Верувам дека во услови на пандемија и криза ние имаме пристојна импелментацијата на акцискиот план на Договорот. Очекувам во претстојниот период, особено со намалување на рестриктивните мерки од пандемијата да ја зајакнеме меѓусебната соработка, како и активностите кои се дефинирани во акцискиот план“, изјави Османи.
Во контескт на пристапувањето во ЕУ, Дендиас со јасен став – Грција секогаш го поддршувала и ќе го поддржува проширувањето на Унијата. Како единствен пат за безбедност и просперитет на регионот.
„Европската унија има обврска да ја држи политиката на проширување на маса. Ние мора да обезбедиме испорака на оние кои сакаат да бдиат дел од нашето заеничко Европско семејство и дом. Не смееме да дозволиме креирање на нестабилност и вакуум во нашето соседство што лесно може да биде пополнето од други неевропски сили, и да поддржи екстремизам и ревизионизам или да поттикне возобновување на империи кои припаѓаат на минатото“, рече Дендиас.
Дендиас и Османи денеска во Атина потпишаа три меморандум за соработка на двете земји во областа на инвестициите и надворешната трговија, соработка во едукацијата на дипломатите и за соработка во областа на цивилната заштита, а посочина дека од особен интерес е унапредување на соработката во делот на енергетиката и инфраструктурата, за што и двајцата министри се убедени дека ќе значи исчекор кој ќе ги подигне релациите меѓу двете земји на повисоко ниво.
Тамара Грнчароска