Спорт Фудбал

Јовановски на клупата на Беласица

Ѓоре Јовановски од денеска е нов шеф на стручниот штаб на Беласица, која првиот дел од сезоната во домашниот шампионат го заврши на последното место и до крајот на првенството ќе води грчевита битка за опстанок во елитата.

Шеесет и четири годишниот Јовановски ќе биде третиот предводник на тимот од Струмица кој во досегашниот тек од првенството ја прекина соработката со Ване Милков и Шефки Арифовски.

Во текот на јануарскиот преоден рок Беласица ангажираше неколку засилувања, а се очекува со доаѓањето на Јовановски во екипата да пристигнат уште неколку нови имиња.

Струмичани од денеска со новиот тренер ги почнаа подготовките за продолжението од сезоната, а во првиот меч на 14 февруари ги очекува гостувањето против Ренова.

 

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе