Натпреварот од 18. коло во Премиер лигата меѓу Астон Вила и Тотенхем е дефинитивно одложен.
Екипата од Бирмингем има големи проблеми со ширењето на инфекцијата и во еден момент комплетниот прв тим мораше да замине во изолација, а на мечот од ФА Купот против Ливерпул настапи комбинирана екипа составена од играчи кои се дел од младинските тимови на Астон Вила.
Во моментов во изолација се десет играчи на Астон Вила и тие ќе можат да и се приклучат на екипата дури откако во краток временски период ќе имаат два позитивни резултати.
Наместо мечот со Астон Вила, Тотенхем в среда од 21 часот и 15 минути ќе го одигра заостанатиот дуел со Фулам, кој беше на програмата на 30 декември, но беше одложен поради позитивни резултати во редовите на градскиот ривал.