По девет месеци во првата борбена линија за пациентите заболени од Ковид, шефот на Инфективното одделение во Гостивар, д-р Ратко Наумоски, на своја кожа ја почувствува болеста.
Тој вели дека личното искуство, за него било и еден вид на лекција – дека е неопходно на пациентите максимално да им се пружи грижа, не само со терапијата и во лекувањето, туку и помош околу јадење, разговор и слично.
Доктор Наумовски за среќа поминал полесно, но тој вели дека Короната многу ја погодува психата, поради што поддршката и помошта од блиските и околината, се од суштинско значење за секој заболен.
По три недели домашно лекување, доктор Наумовски повторно е на работното место и ја исполнува лекарската мисија да се грижи за здравјето на пациентите на Инфективното одделение во гостиварската болница.
Данијела Билбилоска