Македонија

Во објект во Тетово прекршена мерката за работа до 18 часот, биле затекнати и танчерки

Во угостителски објект во Тетово не се почитувала мерката за работа до 18 часот. Во текот на денот полицијата од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции утвриле дека угостителскиот објект е отворен по работно време, а во истиот биле затекнати 18 женски лица кои работеле како танчерки и придружнички на гостите.

Како што информираат од МВР три биле од РСМ, а останатите 15 женски лица од Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ , Латвија, три од нив биле затекнати во собите од мотелот.

„Странските државјанки се приведени и предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ Север за понатамошно постапување. При претресот кај А.А. (30) е пронајден и пиштол, кој е одземен за понатамошна постапка, а А.А. е приведен. Во објектот биле затекнати 49 гости и седум вработени во угостителскиот објект и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непочитување на Одлуката на Владата за рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти заради заштита на населението од Ковид 19“ пишува во соопштението од Министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Дејан Дејан

Изгласан закон за ратификација на договорот со Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе