Вести Македонија Најважни

Србија ги доби првите вакцини, Македонија ја чека донацијата од Бугарија

Србија ги доби првите вакцини, наскоро шќе стартува со имунизација. Македонија пак првата вакцина што ќе ја добие е донација од Бугарија. Министерот за здравство Венко Филипче утринава добил ветување од неговиот бугарски колега дека откако ќе стигнат вакцините на Фајзер во Бугарија, и откако ќе издвои за своето население, дел од нив ќе се донираат и за нашата земја. Точната и голема количина се уште не се знае, но се очекува на почетокот од наредната година. Македонија вакцините од Фајзер може да ги очекува дури на лето, рече министерот Филипче.

Со Фајзер имаме потпишано Договор за тајност на податоци, од таму сметаат дека сме мал пазар и вакцините може да ги добиеме на средина од наредната година.

Но додека Македонија ги чека донациите и од Полска и Грција, како и вакцините преку Ковакс механизмот, првите 4.800-тини вакцини на Фајзер утринава пристигнаа на белградскиот аердором. Имунизацијата почнува наредната недела, а први во редот најверојатно ќе  бидат најранливите, односно корисниците на домовите за стари лица.

Вакцината пристигна, протоколот за студен ланец е испочитаван, ставени се во ладилници на минус 80 степени. Го исполнивме сето она што го бара процедурата и протоколот. Што се однесува до самата имунизација ќе почне штом ќе ја добиеме дозволата до крајот на неделата. И секако здравствените работници ќе бидат обучени за апликација на вакцината, изјави државниот секретар за здравство, Мирсад Ѓерлек. 

Србија е единствената земја во регионот која ги добива вакцините директно од Фајзер, а не преку Ковакс механизмот, што за медиумите беше необично, но државниот секретар за здравство кој одговараше на прашањата рече дека не е надлежен да објаснува како државата ја добила вакцината. Сепак, во јануари се очекуваат да пристигнат дополнителни 21 илјада, а потоа дозволен е увоз на руски Спутник, како и кинеската Синовак. Вакцината на Фајзер која ја постигнува ефикасноста од 95% по двете добиени дози, ќе успее да го сузбие и новиот мутант на коронавирусот. Во ова е убеден и сопственикот на германски Бионтех, кој во соработка со Фајзер ја развија вакцината.

 Не знаеме во моментов дали нашата вакцина е во можност да даде заштита против новиот вид на вирус, но научно, многу е веројатно имуниот одговор од оваа вакцина да може да се справи со мутациите од новиот вирус, смета Ујгур Сахин, директор на производителот на вакцини „Бионтех“

Од Бионтех велат дека доколку е потребно нова вакцина можат да развијат за шест недели, бидејќи основата веќе ја имаат.

За новата мутација на вирусот нема потреба од загриженост смируваат и од СЗО, од каде велат дека во време на пандемија тие се сосема нормални и очекувани, и не се ништо поголеми отколку мутациите што ги има и грипот. Уверуваат дека новата варијанта на ковид 19 се лечи со истите лекови и терапија, како и досега, сепак додаваат дека треба да се следи.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци, се трага по убиецот

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе