Вести Македонија Најважни

Авионите кон и од Лондон останаа на земја

Двата денешни лета од лондонскиот аеродром „Лутон“ чија крајна дестинација беше скопскиот аеродром се откажани а утрово од пистата во Петровец не полета ниту авионот кој требаше да слета во Велика Британија. Владата вчера вечер донесе одлука со која, како и повеќето држави во ЕУ и светот, се забрануваат летовите кон и од Велика Британија и Северна Ирска откако беше откриено дека на тие простори коронавирусот мутирал.

МНАВ веднаш испратила официјално известување – „НОТАМ“ до авиокомпанијата „Визер“ која е едниствениот оператор на летови до и од Британија, а тие пак го известиле ТАВ дека летовите се приземјени.

„ Засега, немаме добиено известување од авиокомпанијата за откажување на другите 4 лета кон/од Лондон оваа година, закажани за 24-ти и 29-ти декември. Веднаш штом го добиеме, информацијата ќе биде ажурирана на нашата веб-страница. На Охридскиот аеродром, моментално нема активен лет за Велика Британија, затоа што летовите кон/од Лондон беа прекинати со почетокот на Ковид-кризата“

Забраната за летовите ќе трае до 31 декември а беше донесена на барање на Комисијата за заразни болести. Сите државјани на Велика Британија и Северна Ирска, но и патиници од оваа држава, кои во Македонија ќе дојдат по копнен пат или пак од аеродром од друга држава ќе бидат спроведени во задолжителен двонеделен карантин.

„Владата донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести. Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување“

Според официјалните податоци на МВР, од почетокот на месецов а заклучно со утрово кога на сила стпи забраната, вкупно 445 државјани на Британија и Северна Ирска оствариле влез во Македонија. Најмногу се регистрирани токму на меѓународниот аеродром во Скопје каде  пристигнале 257 лица.

Блокадата на Британија доаѓа откако беше потврдено дека таму коронавирусот мутирал и сега многу полесно се пренесува меѓу населението. Според првичните истражувања, новата форма на вирусот не предизвикува потешка слика, нема различни симптоми и ќе се третира со истатат терапија како и досега.

Од Светската здравствена организација (СЗО) најавија дека ќе свикаат состанок за да се разгледаат стратегиите за борба против новиот вид на Ковид – 19.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се очекува предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер

Дејан Дејан

Израел би можел да ги нападне иранските нуклеарки – САД пресретнале разузнавачки информации

Дејан Дејан

Обилни дождови, големи поплави, луѓе на покриви – невреме долж источниот брег на Австралија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе