Македонија Најважни

Новиот вид на корона вирус ги приземји авионите за и од Лондон

Утре сабајле според планот треба да полета авионот на Визер за Лондон-Лутон аеродромот, но по новиот вид на корона вирус откриен на Британскиот Остров и по забраните за сообраќај кон Обединетото Кралство и Македонија го дигна знакот стоп за патниците и за авионите оттаму. Комисијата за заразни болести поради првично утврдената лесна преносливост на новиот сој на корона вирусот како превентивна мерка препорача затворање кон Британија, мерки што се однесоа и во соседните држави и во цела Европа.

Државата ги презема сите мерки за побрзо вакцинирање и нема доцнење при набавката тврди премиерот. Покрај Грција и Бугарија понудила дел од своите дози да ги пренасочи кон Македонија. Државата досега потпиша преку Ковакс механизмот набавка на 833 илјади вакцини, што е доволно за околу 400 илјади граѓани, а плановите се вакцините да стигнат во март. Се водат и преговори за директна набавка, иако за тоа треба да пресече бирото за јавни набавки  поради законските пречки.

Србија пак најави дека до Нова Година ќе почне со вакцинирање, но Заев смета дека на целиот западен Балкан вакцинацијата че се одвива координирано и истовремено и дека државата се бори за побрза набавка со сите сили, иако првите вакцини се планирани дури за март- 4 месеци откако почна вакцинирањето во Британија.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Примените и потрошените лекови за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција – ревизорски извештај за Хематологија

Дејан Дејан

Денеска во Лондон ќе биде потпишан договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија

Дејан Дејан

Пукање во Вашингтон – убиени двајца вработени во израелската амбасада во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе