Македонија

11 месеци по исчезнувањето – ни трага, ни глас од Марија Брзакова

Се навршуваат точно 11 месеци од исчезнувањето на Марија Брзакова. Младата жена беше пријавена дека на 18 јануари годинава  во раните утрински часови го напуштила семејниот дом во Босилово облечена во тренерки и патики или влечки. Без телефон и друг документ за лична идентификација.

Исчезнувањето на Марија беше пријавено по три дена во струничката полиција од нејзиниот сопруг и оттогаш трае потрагата по неа. Во моментот на исчезнувањето Марија имаше 28 години и има малолетно дете.

Неколку денови по нејзиното исчезнување стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.

Полицијата вели дека истрагата е отворена а деталите за случајот со Брзакова се на увид и основното јавно обвинителство во Струмица.

Обвинителството разгледува повеќе можности на случајот-дали младата мајка навистина е исчезната, можноста од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и можноста од насилна смрт. Биле разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Биле земени изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за исчезнувањето на Брзакова.

Обвинителството информираше дека се  разгледува неколку можности за случајот-дали Марија навистина е исчезната, можноста од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и можноста од насилна смрт. Во првите денови по исчезнувањето се разгледани снимки од камери во селото Босилово,  но и од патиштата околу селото. Се смета дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе