Македонија

Опозицијата најави блокада, предлагачите ги повлекуваат измените на Законот за надворешни работи

Измените во Законот за надворешни работи со кои се овозможува функцијата амбасадор да ја извршуваат лица со двојно државјанство нема да се случат. Откако опозицијата најави дека со тристотини амндмани ќе го блокира неговото носење предлагачите одлучија да ги повлечат измените.

Еден од предлегачите, коррдинаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, објаснува дека изједата била да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но со ограничување да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ државјанство.

„Овој ист закон, со ист текст беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш ВМРО ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден амандман. Тогаш беше истиот претседател на собраниската комисија. Сега, во контекст на другите случувања во нивната партија, само глумат наводен патриотизам. Ние нема да дозволиме некој да прави личен театар и да бие внатрепартиска битка во ВМРО ДПМНЕ правејќи театар од Собранието. Затоа ќе го повлечеме предлог законот од процедура, а внатрепартиските битки нека ги водат во партиските седишта“ – вели Јован Митрески од СДСМ.

Митрески обвинува и дека ВМРО-ДПМНЕ веќе го кршеле законот бидејќи во перидот кога ја воделе државата испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства.

Претседателот на комисијата за надворешна политика и поранешен шеф на дипломатијата Антонијо Милошоски, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ најави дека ќе го блокира носењето на Законот за надворешни работи и ќе поднесе 300 амандмани.

Милошоски смета дека покрај тоа што се коси со други закони не е етички амбасадор да има двојно државјанство и тврди дека измените законот се само поради неколку кадровски решенија на СДСМ и ДУИ.

Според информациите на Телма,  станува збор за местата во Обединетите нации, Канада и Израел и со тоа се крши Законот за класифицирани информации.

Најавите за двојно државјанство го отворија и прашањето за тоа дали воопшто високите функционери, министрите и нивните заменици како и пратениците може да поседуваат две патни исправи.

А членот 41 од Законот за клаисифицирани информации е јасен. Пристап до информации со степен на класификација „државна тајна“ може да има само лице кое поседува само македонско државјанство.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе