Сцени од филмско сценарио. Вака на кратко изгледала измината ноќ за полицијата и пазарните инспектори. Околу 23 часот начекале повеќе од 25 полуголи лица групирани во студио за јога во центарот на Скопје. Ги избркале, а објектот го затвориле. Драматичната ноќ продолжила во познатиот скопски локал „Мош“. Тиесетина гости во темница ја продолжиле журката и после 21 часот, прекршувајќи ја мерката за забрането групирање и за работното време. Локалот „Мош“ и претходно беше „трн во око“ за јавноста. Грубо ги прекршуваше здравствените протоколи и на свирките на српскиот пејач Владо Георгиев. Но драмите на инспекторите и полицијата не завршиле тука иИмало и навреди и закани за инспекторите и полицијата.
„ Дека имало навреди упатувано инспекторите се веќе навикнати на навреди, меѓутоа треба да им служи на чест на сите оние кои организираат такви забави кои се сопственици на такви угостителски објекти. Дека работеле и во 23 часот тоа стои и во записникот, заедно со полицијата е правена контролата. Дека истиот субјект е казнет и по претходниот закон, кога поднесувавме кривични пријави. Казните сега пак се од 3 до 30.000 евра и плус по 1.500 евра за одговорното лице.
Покрај пломба од инспекторите, ќе заработи уште една кривична пријава.
По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“,- велат од МВР.
Инспекторите имале полни раце работа и во „Три кичен“ каде повеќе гости во алкохолизирана состојба после 21 часот бегале низ споредни излези преку вратите на локалот „Станица 26“. Но инспекторите ги чекале од двете врати, направиле записник и ја затвориле „Станица 26“. Директорот Пауновски, вели дека за оваа интервенција не бил задооволен од работата на полициските службеници.
Вчера го затвориле и локалот „Холивуд“ во Чаир, кој пак си ја отстранил пломбата и продолжил со работа.
И покрај тоа што на терен локали работата без да ги почитуваат владините мерки, сепак Пауновска, смета дека казните се ригорозни и доволни, а проблемот е во свеста на газдите.
Единствено што можам да кажам е дека и овие казни се ригорозни. Единствено што може да им порачаме д абидеме малку посовесни, Да не сметаат дека инспекторите гледаат само до 21 часот, а денеска до 18 и потоа се враќаат дома а забавите можат да продолжат- вели Пауновски.
Инспекторите на терен ќе бидат и за новогодишните празници. Најавуваат засилени контроли покрај на локалите, и на излетничките места.
Александра Филиповска