Вести Македонија

Чешка и Словачка ги блокираа заклучоците на ЕУ за проширувањето

Чешка и Словачка  го блокираа усвојувањето на заклучоците за процесот на проширување кои вчера ги усвои Европската унија на ниво на амбасадори. Двете земји-членки не ставија министерски потпис со што заклучоците не ја поминаа процедурата за писмена потврда од секоја од членките.

Причината  на Чешка и Словачка за одбивањето да се стави потпис на заклучоците е вметнувањето во нив на реченицата за „погрешно толкување на историја“.

„Советот нагласува дека во ЕУ нема место за распалувачка реторика и глорификација на воените злосторници од која било страна. Изјавите кои негативно влијаат на добрососедските односи и мирното решавање на споровите мора да се избегнуваат. Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за Пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата“, стои во зкалучокот.

За Словачка и Чешка со вметнување на оваа реченица се нарушува кредибилитетиот на ЕУ кон земјите-кандидати и кон идните канидидати , но и кон процесот на проширување воопшто, а сметаат дека може да предизвика проблеми и внатре во самата Унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе