Македонија Топ вести

Во Охридскиот регион нема повеќе да се гради без почитување на конзерваторските услови?

Во иднина нема да може да се гради ништо во Охрид без да се почитуваат заштитно- конзерваторските услови, рече денеска министерката за култура при отчетот за 100 дена Влада. Но, од невладината, Центар за културно наследство сметаат дека се работи за погрешен принцип со кој  се уништуваат старите вредности.

Забрзано се работи на довшување на започнатите нови куќи од кои дел имаат базени во Старото градско јадро на Охрид, велат извори на Телма од терен.Меѓу нив и оваа нова куќа  што се наоѓа на Канео. Од невладините организации велат дека точната бројка на нови градби во празниот простор во Старото градско јадро на Охрид не е позната зашто тие требало да влезат во Планот за управување со Охридскиот регион, а не се внесени. Тогаш би се знаела и бројката на старите градби, објаснуваат невладините.

Иако непочитувањето на препораките на  реактивната мисија  на УНЕСКО од 2017, не резултира со ставање на Охридскиот регион на листата на светско наследство во опасност, на ланската 43 сесија на Комитетот за светско наследство што се одржа во  Баку, сепак регионот стана европско прашање зашто се работи за една од 7 мешовити и најстари населби со природно и културно наследство во Европа. Во последниот извештај на Европската комисија за земјава, се вели дека и покрај превземените мерки за спроведување на 19 препораки на УНЕСКО, потребни се значителни напори , за да се спречи да не се најде регионот на листата на светско наследство во опасност.

Не ќе може ништо да се гради во Охридскиот регион без да се почитуваат заштитно- конзерваторските услови, што е еден од заклучоците од спроведување на Планот за управување со Охридскиот регион, рече денеска министерката за култура, при отчетот за 100 дена Влада.

  • Не ќе може ништо да се гради во Охрид, Струга и Дебрца , ако не се земени предвид заштитно- конзерваторските услови кои ги издава Управата за заштита на културното наследство , а ги изработува Заводот за заштита на спомениците на културатаи Музеј- Охрид. И што е уште поважно, општините Охрид, Струга и Дебрца при издавање на дозволите за изградба на објекти, ќе мора да ги соопштуваат условите , согласно Планот за управување со Охридскиот регион – Ирена Стефоска- Министерка за култура.

Но, од Центарот за културно наследство велат дека примената на заштитно – конзерваторските услови е погрешен принцип.

  • Овој принцип со издавање конзерваторски услови генерира уништување на старите вредности и предизвикува потенцијални коруптивни активности – Донка Барџиева – Трајковска- Центар за културно наследство.

Од Центарот додаваат дека при издавање на конзерваторските услови  не се внимава на употреба на стари материјали , не се зема предвид катноста на новите градби, не се користат дрвени рамки на прозорци и не се води грижа за новите градби,  да бидат направени како старите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе