Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на тестот на Ковид-19, скоро целиот државен врв на Франција, одат изолираат. Само неколку минути по објавата од Елисејската палата премиерот Жан Кастекс објави дека е „во изолација“, со Макрон вечерал во вторникот. Сопругата на Макрон, Брижит, која се смета како случај за контакт, „не покажува никакви симптоми“. Од денеска со самица е и претседателот на Националното собрание Ришард Феран. Парижани не го обвинуваат претседателот, велат тоа може секому да му се случи.
Сите можеме да се заразиме, а за тоа да сме свесни. Дури и ако ги почитувате здравствените протоколи. Тоа покажува колку е ова сериозно. Секој може да го доби. Значи, не, воопшто, не можеме да го обвинуваме за тоа. Тоа не е бидејќи е тој претседател, вели Сами Милепиед, поранешен наставник.
Фармацевтската компанија „Фајзер“ го проверува случајот со тешката алергиска реакција кај медицински работник на Аљаска по примањето на вакцината за Ковид. Доколку е потребно, велат од Фајзер, ќе го ажурираме списокот на контраиндикации.. Медицинска сестра од главниот град на Аласка, Бартлет, откако ја примила вакцината имала отежнато дишење и зголемен број отчукувања на срцето, по што завршила во итната медицинска помош на кислородна поддршка. Сега состојбата и е стабилизирана.
Добро закрепнува. Исклучени се сите лекови. Не е веќе на кислородна поддршка, само ја надгледуваме. Се врати на почетната состојба. Малки е омалаксана од Бенадрилот кој и го дадовме, вели д-р Линди Џонс, директор на итна помош во Бартлет.
Ова не е прв случај на алергиски реакции и двајца британсци кои беа вакцинирани на 8ми декември го имаа истиот проблем, по што британските медицински власти ги советуваа луѓето склони кон алергии да се воздржат од вакцинација. Во САД денеска се вакцинира и војската. Во обид да се мотивира населението на вакцинација дојде и Дедо Мраз.
Во истовреме Германија најави дека ќе почне со вакцинирање на 27 декември каде прво ќе се вакцнираат во домовите за стари лица. Под германски притисок, Европската агенција за лекови ќе донесе одлука за одобрување на вакцината на Фајзер/БиоНТех на 21 декември – една недела порано од планираното. ЕК денеска најави дека од 27 декември ќе започне вакцинирањето во сите земји на ЕУ.
Во Италија бројот на новозаразени со Ковид-19 и смртни случаи е на високо ниво и веќе е сигурно дека карантин ќе биде прогласен на целата територија на земјата за Божик и Нова година. Во меѓувреме анкетите покажуваат дека осум од 10 анкетирани Италијанци би се вакцинирале против Ковид-19.
Во монетов бројот на заразени достигна 74,66 милиони луѓе, а на починати 1,6 милиони, оздравеле 52,5 милиони луѓе.
Билјана Ставрова