Ковид19 Македонија Топ вести

Извештајот за смртта на беровчанката во штипскиот Ковид центар стигна кај министерот

Еден месец помина по смртта на 41 годишната беровчанка во штипскиот Ковид центар,  македонската јавност за случајот дозна по реакциите на нејзината ќерка. Објавувајќи ги на социјалните мрежи повиците од мобилниот на нејзината мајка, на кои се гледа дека никој не и одговорил. Нејзината ќерка Михаела го чека извештајот, по што ќе одлучи што ќе преземи понатаму.

Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на штипската Клиничка болница, каде што почна да се поставува модуларната болница за ковид пациентите, потврди дека извештајот за стручниот наздор на Лекарската комора е изготвен за овој случај. Стручен надзор Лекарската комора има за седум случаи за починати пациенти од ковид низ земјава. Очекува денеска да им биде доставен

По случајот на Довичинска направена е нова реорганизација на Инфективното одделение, пациентите и здравствениот кадар сега имаат уште два мобилни телефони за комуникација. На одделението постојано се менуваат бројките на хоспитализирани, а околу две третини од пациентите зависат од боците со кислород. Проблемите се очекува да се решат со поставувањето на модуларната болница, покрај Штип вакви болници се градат во Кичево, Струга и Гевгелија. МИнистерот најави дека  еднократна парчина помош од 30.000 денари ќе добијат околку 7600 вработени во јавното здравство кои имаат Контакт со ковид пациенти.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Азески со порака до новиот гувернер, да ја задржи стабилноста на денарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе