Вести Македонија Топ вести

Лидерска средба до крајот на годинава

Премиерот Зоран Заев најави одржување лидерска средба до крајот на годинава во врска со евроинтеграциите, ковид-кризата и други прашања од интерес на граѓаните. Очекува таква средба да свика претседателот Стево Пендарпвски, но ако ако шефот на државата не закаже лидерска, тоа ќе го направи тој.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но, не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го  контактирал денеска-утре претседателот на државата за една таква намера, доколку не, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба и заради евроинтеграциите, но и заради справување со ковид-кризата и за сите груги сфери на интерс за граѓаните за кои би можеле да дискутираме на средбата, рече заев одговарајќи на новинарско прашање во рамки на отчетот за сработеното на Владата о првите 100 дена.

Тој истакна дека власта сака да изгради консензус по повеќе прашања и проекти, а оти еден таков е и проектот за новиот Клинички центар.

-Знаете дека пуштивме еден проект на кој сакаме да градиме национален и меѓународен консензус, а тоа е проект за клиничкиот центар. Уверен сум дека конечно можеме да застанеме зад една важна работа, голем проект најголемиот во државата особено вво едно вакво време, а тоа е проект од здравството . Подготвени сме заедно да работиме со опозицијата, да делегираме комплетни права на контрола преку мнозинство во самата опозција, но, ни треба изнаоѓање проекти зад кои ќе застанеме заедно. Има многу што да разговареме. Ако претседателот на државата свика лидерска средба јас ќе бидам присутен, ако не јас ќе ја свикам до крајот на годината, истакна премиерот Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе