Ниту декемврискиот дожд не може многу да ја промени сликата за еколошката катастрофа што му се случува на Преспанското Езеро. Нивото незапирливо паѓа, па деновиве се спушти речиси половина метар под апсолутниот минимум. Тиња, кал, трска и друга вегетација секојдневно се повeќе го голтаат крајбрежјето кое на места наликува на застоена бара. Закотвен е и бродот на Мониторинг станицата во Стење со кој се вршат испитување на квалитетот на езерските води.
И еко бродот на мониторнинг станицата со кој се земаат примероци за анализи од водата во Преспанското Езеро не е во функција. Тој не може да се спушти поради нискиот водостој.
Експертите велат дека за ваквата сосотојба најмногу влијание има човечкиот фактор, користењето на водата за наводнување и други потреби, но и зголемените температури и се помалите количини на вренежи.
Климатсkите промени си го земаат својот данок, тоа е глобално распространето и аларманто, и она што можеме да направиме е намлаување на негативниот ефект кој ретроградно ни се случува последниот период, вели Билјана Римческа, биолог.
Но, не се знае колку вода од Преспанското истекува во Охридското езеро. Нуркачите од „Врело“, неодaмна утврдија дека еден од понорите во соседна Абанија кај месноста Завир е речиси сосема пресушен, па, потребно е да се итражи целата област.
Да продолжи подоводно испитување на тие понори да се знае понатаму кои се причините што придонесуваат за овие циклуси на надојдување и повлекување, кое е влијанието, дали е од тектоснки пореметување, човечки фактор, глобалното затопливање. Многу е важно да ги најдеме тие понори и да утврдиме колку вода бега, вели Алекаснадар Ацевски од нуркачки клуб „Врело“.
Драматичното спуштање на нивото го вклучи алармот и кај надлежните. Формирана е експертска група и изготвен е акциски план со сет мерки за спас на Преспанското езеро. Тој е доставен до сите институции кои се вkлучени во активностите, по што треба да започне неговата примена.
Емилија Мисирлиевска