Македонија Топ вести

Преспанското езеро се спушти 5,5 метри под нормалниот водостој

Ниту декемврискиот дожд не може многу да ја промени сликата за еколошката катастрофа што му се случува на Преспанското Езеро. Нивото незапирливо паѓа, па деновиве се спушти речиси половина метар под апсолутниот минимум. Тиња, кал, трска и друга вегетација секојдневно се повeќе го голтаат крајбрежјето кое на места наликува на застоена бара. Закотвен е и бродот на Мониторинг станицата во Стење со кој се вршат испитување на квалитетот на езерските води.

И еко бродот на мониторнинг станицата со кој се земаат примероци за анализи од водата во Преспанското Езеро не е во функција. Тој не може да се спушти поради нискиот водостој.

Експертите велат дека за ваквата сосотојба најмногу влијание има човечкиот фактор, користењето на водата за наводнување и други потреби, но и зголемените температури и се помалите количини на вренежи.

Климатсkите промени си го земаат својот данок, тоа е глобално распространето и аларманто, и она што можеме да направиме е намлаување на негативниот ефект кој ретроградно ни се случува последниот период, вели Билјана Римческа, биолог.

Но, не се знае колку вода од Преспанското истекува во Охридското езеро. Нуркачите од „Врело“, неодaмна утврдија дека еден од понорите во соседна Абанија кај месноста Завир е речиси сосема пресушен, па, потребно е да се итражи целата област.

Да продолжи  подоводно испитување на тие понори да се знае понатаму кои се причините што придонесуваат за овие циклуси на надојдување и повлекување, кое е влијанието, дали е од тектоснки пореметување, човечки фактор, глобалното затопливање. Многу е важно да ги најдеме тие понори и да утврдиме колку вода бега, вели Алекаснадар Ацевски од нуркачки клуб „Врело“.

Драматичното спуштање на нивото го вклучи алармот и кај надлежните. Формирана е експертска група и изготвен е акциски план со сет мерки за спас на Преспанското езеро. Тој е доставен до сите институции кои се вkлучени во активностите, по што треба да започне неговата примена.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна зграда во Ираклион, издадено предупредување за цунами – силен земјотрес во морето кај Крит

Дејан Дејан

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе